Тајсон и Холифилд ги почнаа преговорите за нов меч

185

Ивандер Холифилд објави дека почнале преговори за егзебициски меч со Мајк Тајсон.

Двајцата поранешни неоспорни шампиони во тешка категорија беа големи ривали, а во нивните две средби во 90-тите години победи Холфилд. Во првиот меч, тој го запре Тајсон во 11-тата рунда, а реваншот имаше незаборавен исход затоа што „Железниот Мике“ беше дисквалификуван откако му гризна парче од увото на противникот.

Со текот на годините ова беше заборавено и тие се во пријателски односи.

Неодамна, 53-годишниот Тајсон и 57-годишниот Холифилд изјавија дека сакаат да се вратат во рингот за неколку егзебицсики борби. Изјавите, како и снимките од нивните тренинзи во ова време кога нема бокс мечеви, предизвикаа голем интерес.

„Неговите луѓе почнаа да разговараат со моите луѓе. Сè уште немаме цврст договор, но се движиме кон тоа“, рече Холфилд на подкастот Разговор во 3 точки.

„Кога луѓето видоа она што го прави рој и она што го правам јас сфатија колку се два и два. Помислија дека заедно сме го договориле тоа“.

Холифилд вели дека парите не се главниот мотив за враќање.

„Поентата на враќањето е да правам егзебиции, затоа што сакам да им помогнам на децата со моето искуство. Сакав да се вратам за да им покажам на децата дека ако се грижат за своето тело во младоста, ако не стекнат лоши навики, кога ќе пстареат нема да мора да се грижат за тоа каква личност ќе станат или ќе мора ли некој да им помогне“.