Тајсон Фјури стартува со своја фондација за помош на млади таленти

68

Шампионот во тешка категорија на ВБЦ, Тајсон Фјури има голем успех во рингот, но и продолжува со нив и надвор од него.

Фјури откри дека ја прави своја фондација во Моркамбе, Англија. Таму тој ќе формира голем тренинг комплекс ,за да им овозможи на младите луѓе во регионот да го стигнат до својот целосниот спортски потенцијал.

„Наскоро отворам голем спортски комплекс со Моркамбе, дел од Фондацијата Тајсон Фјури.

Тоа ќе му даде шанса на следниот Тајсон Фјури или на следниот Вејн Руни,кои ги имавме ние. Ќе има можност и за спонзорство“, рече Фјури.

Комплексот ќе има оддели за бокс, фудбал и рагби, се очекуваат детали во блиска иднина.