Тајсон Фјури сака да јаде, но оваа нарачка ќе ве шокира

267

Тајсон Фјури уште еднаш го воодушеви светот со своите мерки за време на изолацијата и начинот на кој одлучи да го прослави најголемиот празник во христијанскиот свет – Велигден. Боксерот беше „фатен“ од весникот „Сан“ како прима од курир импресивна нарачка од 557 фунти со брза и нездрава храна.

Пред вратата на Фјури беа истоварени непозната количина пици, пилешки крилца, месо на скара и неколку порции ракчиња.

Боксерот, кој е изолира во неговата куќа со семејството – со сопруга и петте деца – внимаваше на оддалеченоста со курирот, па затоа сам ја собра огромна количина на храна оставена пред вратата. Фјури  никогаш не ја криел љубовта спрема храната.