Тајсон Фјури: Едвај чекам да го разбијам Ентони Џошуа (ВИДЕО)

336

Тајсон Фјури (30-0-1) уште еднаш изјави дека ќе го скрши Ентони Џошуа (24-1) на најголемата боксерска сцена во историјата. Британската пресметка за апсолутен светски шампион во која боксерите ќе се борат за четири појаси ќе се одржи на 14 август во Саудиска Арабија.

Светскиот шампион во бокс 31-годишниот Ентони Џошуа во рингот ги носи шампионските појаси на ВБА, ИБФ и ВБО, а една година постариот Тајсон Фјури ќе ја заложи титулата на ВБЦ.

„Сите погледи ќе бидат свртени кон Саудиска Арабија. Едвај чекам да го разбијам Ентони Џошуа на најголемата сцена на сите времиња. Тоа ќе биде најголемиот спортски настан на Земјата. Не пропуштајте “, рече Тајсон Фјури во својот пост на Твитер.

Последната борба Ентони Џошуа ја имаше минатиот декември кога го победи Кубрат Пулев со нокаут во деветтата рунда. А последниот натпревар Фјури го имаше во февруари минатата година кога славеше со технички нокаут против Дионтеј Вајлдер и го освои шампионскиот појас на ВБЦ.