Тајсон Фјури: Ќе го згазам Ентони Џошуа во три рунди

167

Тајсон Фјури е максимално самоуверен пред борбите со Ентони Џошуа. Тој верува дека ќе го здроби сонародникот во нивната прва битка летово. „Кралот на Ромите“ е носител на ВБЦ титулата во тешка категорија, а „АJ“ е шампион на ВБА (Супер), ИБФ, ВБО и ИБО.

Битката меѓу нив ќе даде неприкосновениот шампион во тешка категорија. Ова е цел што ја следеше Џошуа во последните неколку години, но никогаш не беше во можност да и се доближи. Но, сега сè оди според планот и оваа година можеме да видиме две борби помеѓу Тајсон и Џошуа.

Името на победникот ќе биде запишано во златни букви во историјата на боксот. Фјури верува дека ќе замине со сè по нивната прва борба.

„Јас сум Тајсон Фјури и сум шампион во тешка категорија. ДА! Пред малку телефонски разговарав со Шугар Хил Стјуард. Ќе го згазам Ентони Џошуа. Тоа ќе се случи во првите 3 рунди. Не можам да чекам“, рече Тајсон на социјалните мрежи.