Тајрон Спонг е загреан за меч со Рико Верховен, но за точна цена

113

Едно од најжестоките имиња во светот на боречките спортови – Тајрон Спонг, е подготвен да се врати во рингот на Глори.

Ова го изјави самиот Холанѓанец, кој последен пат учествуваше на натпревар во кик бокс во 2014 година. После тоа, борецот роден во Суринам одлучи да ги тестира своите боксерски способности, каде за 14 години забележа 14 победи од 14 меча.

35-годишниот поранешен шампион во ВФЦА и на Суепр сериите на Глори во неодамнешно интервју изјави дека би бил среќен да се сретне со хегемонот во тешка категорија Рико Верховен. Но, за оваа намена Глори мора да излезе со точна сума.

„Фановите сакаат да видат ваков меч. Глори многу добро го разбира тоа, но за да се случи таков спектакл, ќе морам да ја добијам вистинската награда“, рече Спонг.

Последен пат Тајрон учествуваше на кик бокс меч против друго големо име – Гокан Саки. Неодамна се појавија гласини дека Турчинот е исто така подготвен да се врати на своите корени по не многу успешниот престој во УФЦ.

„Јас и Саки секогаш се бориме за публиката“, додаде Спонг.

„Тие знаат дека секогаш им даваме максимално задоволство на навивачите. Гокан и јас сме млади ветерани во овој спорт и имаме уште многу што да понудиме“, рече за крај „Кралот на рингот“.