Светското борење почнува со обновување на натпреварите

158

Натпреварите во светското борење прво ќе продолжат со континенталните првенства за кадети, јуниори и млади до 23 години, информира Обединетото светско борење (ОСБ/ UWW). Потенцијалните стартови се во рамките меѓу 1 септември и 30 октомври.

Се разбира, секој домаќин може да ги откаже шампионатите, според епидемиолошката состојба во земјата поврзана со ширењето на коронавирусот.

Во август, ОСБ пак ќе се состане за да го провери календарот.

Светското првенство за јуниори е предвидено да се одржи кон крајот на ноември или почетокот на декември во Белград, а оние под 23 години ќе престојуваат во Тампере (Финска) на истите датуми – од 23 до 29 ноември.

Сите првенства под 15 години – континенталните и светското – се откажани за 2020 година, бидејќи во септември децата започнуваат со училиште и нема да имаат физичка можност да учествуваат.

Светскиот куп за ветерани исто така е одложен за 2021 година, поради зголемениот ризик од патување и ризикот дека вирусот полесно ќе се пренесе на постарите луѓе. Натпреварот ќе се одржи во Грција.

Светскиот куп за 2021 година е закажан за 2-10 октомври во Осло. А нема да има светски првенства во 2020 и 2021 година.

ОСБ планира Светско првенство оваа година, но датумите и местото на одржување ќе бидат утврдени дополнително, според апликациите за домаќинство.