Светскиот првак Ѓоргиев: Ова злато ми е најомразено досега – поделена Македонија јас не сакам!

1038

Светскиот првак во кик-бокс, Димитар Ѓоѓиев, кој пред три дена се искачи на светскиот трон на Светското првенство (ВАКО) во италијански Јесоло, шокантно ѝ се обрати на комплетната македонска јавност, поточувајќи дека ова четврто злато му е најомразено досега поради длабоката поделеност во Македонија.

Ѓорѓиев кој има четири светски титули и една европска од 2018 година ја воодушеви Македонија со новото искачување на светскиот трон, но предмалку објави дека не планира да оди на никакви приеми организирани од Агенцијата за млади и спорт, ниту од општина Неготино, а ги откажува и сите интервјуа.

Причината е медалот што е освоен само поради тоа што го сака спортот, а поделена Македонија не ја сака и не сака да биде дел од неа.

„Драги пријатели, другари и сите останати љубители на спортот. Пред сѐ од срце ви благодарам за целата поддршка и позитивна енергија што ја добив во изминатите неколку дена. За жал морам да ви соопштам дека за мене ова е најомразениот златен медал што сум го освоил до сега. Исто така сакам да ве известам дека не планирам да присуствувам на ниеден прием ни во Агенција за млади и спорт, ниту на организираниот или планот за организиран пречек во Општина Неготино, сите мои гостувања и планирани интервјуа ке бидат откажани, а досегашните ке ве замолам да не ги објавувате. Овој медал го освоив бидејки сакам спорт и си ја сакам татковината. Поделбата која што е неизбежна во Македонија јас не ја сакам и не сакам да бидам дел од неа!“, објави Ѓорѓиев.