Стипе Миочиќ засиелно се подготвува за мечот со Нгану (ВИДЕО)

170

Стипе Миочиќ не престанува да тренира за мечот со Френсис Нгану. Тие ќе се борат по втор пат, а залогот ќе биде титулата во тешка категорија. Нивната битка е голема за УФЦ 260, што ќе се одржи кон крајот на март во Лас Вегас. Миочиќ веќе еднаш успеа да се справи со Нгану и пред 3 години доминираше против него во Бостон.

На нивната средба, Стипе беше аутсајдер, но успеа да ги замолкне обложувалниците и критичарите. Прими некои тешки удари на Френсис и го победи со одлука на судиите. По оваа битка, Стипе направи трилогија со Даниел Кормиер и го победи два пати.

Миочиќ победи на 15 средби со нокаут, а на две тој беше нокаутиран. Нгану повторно е во подем и има навивачи кои повторно го потценуваат шампионот. 38-годишниот ветеран повторно се подготвува да ги замолкне и не се штеди во салата.