Стипе Миочиќ изгледа моќно и подготвен за реванш-мечот со Нгану (ФОТО)

193

Стипе Миочиќ (20-3) изгледа подготвено пред реваншот против Френсис Нгану (15-3) за настанот УФЦ 260 што ќе се одржи на 27 март во Лас Вегас. Тие се судрија прв пат на УФЦ 220 во јануари 2018 година, кога американско-хрватскиот борец ја бркаше третата одбрана на титулата на тој меч.

Таа вечер во Бостон, Миочиќ ги запре силните напади на Нагану, а потоа ја презеде контролата над борбата и со едногласна одлука на судиите стигна до триумфот.

Оттогаш, Стипе имаше три борби против Даниел Кормиер, го загуби појасот во јули 2018 година, но ја врати титулата во следниот меч (август 2019 година) на УФЦ 252, одржан во август минатата година, Миочиќ по четврти пат ја одбрани титулата во апсолутна категорија.

Нгану од дуелот со Стипе има скор 4-1. По лошиот настап против Дерик Луис, Камерунецот победи во четири победи по ред со нокаути во првата рунда, а ги победи Куртис Блејдес, Каин Веласкез, Жуниор дош Сантос и Жаирзињо Розенструик.

Без оглед на импресивната серија на Нагану, Миочиќ е убеден дека на УФЦ 260 уште еднаш ќе покаже дека е „најсилниот човек на светот“.

Актуелниот шампион на УФЦ на својот Инстаграм објави фотографија од тренинг на која изгледа силно и подготвено десет дена пред реваншот со Предаторот.

Франсис Нгану ќе има големо засилување за мечот против Миочиќ од актуелениот шампион на УФЦ, Камару Усман!