Средбата Емилијаненко – Магомед Исмаилов кон крајот на јули (ВИДЕО)

95

Александар Емилијаненко и Магомед Исмаилов ќе се борат на 24 јули. Веста ја објави Мејрбек Хасиев, шеф на чеченската организација АЦА.

Борбата меѓу нив требаше да се одржи во април на АЦА 107 во Москва, но настанот беше откажан поради коронавирусот. Сега Хасиев планира да се врати во игра и да подготви четири настани за јули.

Емилијаненко има скор 28-7-1 во ММА и е во серија од пет последователни победи со нокаут. Не се борел во кафезот од август 2018 година, кога мечот Тони Џонсон на ВФЦА/ WFCA 50 заврши нерешено. Во неговиот последен настап, Емилијаненко влезе во рингот и го победи со нокаут Михаил Коклјаев во борба по боксесрките правила.

Исмаилов има скор 15-2-1 во ММА и е во серија од осум последователни победи, од кои повеќето се со завршница. Магомед нема пораз во ММА веќе пет години и победи на 12 од последните 14 борби.

Подготовките на Емилијаненко во салата Кадиров во Грозни: