Среброто на Георгиевски сјае како злато за Македонија! (ФОТО)

298

Новиот олимписки вицешампион Дејан Георгиевски е најубавата македонска приказна во годината кога земјава слави 30 години од независноста. Со сребро на градите на првиот наш таеквондист во историјата на олимпизмот од Токио се враќа со историски најголем успех.

После Могамед Ибрагимов кој освои бронза пред две децении, на ЛОИ во Сиднеј во 2000 година, Македонија дочека медалист и тоа во Георгиевски, членот на клубот Бутел, кој денеска ја израдува цела Македонија.

Среброто на неговите гради има златен сјај како доказ за одличноста, самодовербата, желбата и сета посветеност кон спортот, како награда за сѐ досега во кариерата.