Спенс и Грасија ќе се борат за специјален шампионски појас

93

Светскиот боксерски совет (ВБЦ) претстави посебен шампионски појас во чест на медицинските лица.

Појасот во средна категорија ќе го освои Ерол Спенс Jуниор или Дени Гарсија следниот викенд. Внатре во неговиот златен круг е врежано медицинско лице со боксерски ракавици, маска за лице и ангелски крилја.

Победникот ќе може правилно да го искаже своето воодушевување од лекарите кои секојдневно го изложуваат на ризик сопственото здравје. Во САД, огромен е бројот на медицински лица кои починале од почетокот на пандемијата Ковид-19.

Спенс и Гарсија ќе се соочат во раните утрински часови во неделата (по македонско време).

Фаворитот на мечот е тешко да се одреди, бидејќи никој не може да биде 100 отсто сигурен во каква состојба е Спенс Јуниор. Ова ќе биде негово големо враќање по судирот што го направи минатата година со спортскиот автомобил. Притоа за малку ќе го загубеше животот.