Славески: До крајот на летото сакам да имам титула!

465

За вчерашната победа во Минхен, Германија над Едис Џамбас во супер средна категорија (76 кг), нашиот боксер Горјан-Гого Славески вели дека победил на поени и дека му драга.

Славески за прв пат се бори во Европа, а останатите 9 борби беа во САД.

„Дефинтивно е поразличен боксот во Европа и нареден чекор е најверојатно за европската титула“, истакнува Славески.

За она што следи, дали во Европа или САД, Горјан вели:

„Можно е уште една борба, но дефинтивно до крајот на летото сакам да имам титула, каква-таква, европска, светска или интерцонтинентална не ми е битно“.