Шоу на Мек Грегор: Објави разговор со Вајт, ја прифати понудата на Санчез и најави меч со Пакијао!

136

Конор Мек Грегор е подготвен да ја исполни желбата на Диего Санчез. Покрај тоа, поранешниот шампион на УФЦ веќе ја прифати понудата преку Твитер и се согласи да му биде противник на Диего во неговиот проштален меч.

Да потсетиме, Санчез зборуваше претходно оваа недела за своите планови, наведувајќи ја борбата против славниот Ирец како идеален крај на неговата кариера.

„Ник Дијаз се враќа. Има уште неколку имиња како Нејт Дијаз, но има уште неколку борци против кои мојата борба ќе биде возбудлива за навивачите. Како што реков, целам високо. Така, Конор Мек Грегор би била мојата четврта борба. Замислувам да победам во следните три борби и да ставам крај на мојата кариера борејќи се со Мек Грегор. Тоа е мојот сон, моја визија. Во моментов ја градам мојата историја, тој го прави она што го прави во моментов, но ќе го чекам во надеж дека ќе сака да го стори тоа на крајот од моето патување“ , ги изрази своите желби Диего.

А тој не мораше да чека долго за одговор …

„Диего, видов коментар за твојата последна борба и ќе кажам дека прифаќам! Јас сум за. Дури и по твојата борба со Переира, го побарав нашиот меч во Даблин. Тоа се случи во февруари кога работев на плановите за сезоната пред коронавирусот. Среќно овој викенд“, напиша Конор на Твитер со неколку „слики од екранот“ од разговорот со Дана Вајт, потврдувајќи дека тој веќе споменал борба со Санчез уште во февруари.

По ова следеа бомбастични твирови бомбастично враќање во боксерскиот ринг против филипинската легенда Мани Пакајо.

„Ноториус“ веќе имаше една богата посета на боксерскиот ринг, откако во август 2017 година влезе во рингот со Флојд Мејведер Јуниор во еден од најбогатите мечеви во историјата на спортот, а сега преку неговата омилена „алатка“ Твитер објави дека се враќа со голем меч.

„Три недели по мојот последен рекорден настан се обидов да дојдам до нов „блокбастер“ Мек Грегор настан. Морам да кажам дека сум тажен за тоа како се одвиваше мојата сезона. Еве го и крајот на оваа преписка. Пред коронавирусот, пред пензионирањето. Никогаш не го одбив Тони, како што се зборуваше. Неколку месеци однапред реков (во почетокот на февруари) дека не сум заинтересиран да бидам замена за двоецот кој постојано се откажува. Се обидов јако да ја истуркам сезоната силно. Беа споменати многу противници, понудени се многу датуми, а потоа дојде КОВИД и се шушкаше дека ќе мора да почекам да се врати публиката. Потоа се оддалечив од таа ситуација, веќе доволно долго чекав. Како и да е, кому му е грижа повеќе за тоа. Следи боксерски меч против Мани Пакијао на Блискиот исток”, напиша Мек Грегор во следните неколку објави.

„Ќе биде чест да се борам со двајцата најдобри боксери на својата ера, двајцата исплашени од меч“, напиша 32-годишниот Мек Грегор.

Претходно, во петокот тој објави снимка на која тренира во боксерски ринг зголемувајќи ги шпекулациите за боксерски меч.