Шилдс: За 2-3 години ќе може да ја победам Нунеш и во ММА

146

Боксерката Клариса Шилдс е уверена дека во блиска иднина ќе може да ја победи Аманда Нунеш според правилата на ММА. Американката нема конкуренција во рингот, а иста е ситуацијата и со Бразилката во кафезот.

Веќе неколку месеци Клариса се подготвува за дебито во ММА. За неа, ако сакате да бидете на врвот во боречките вештини – треба да може да ги владеете двете дисциплини.

„Таа е најдобрата жена во ММА, а јас сум најдобра во боксот“, рече Шилдс.

„Сега влегувам во мешаните борби и ќе се борам по овие правила за прв пат на почетокот на летото. Според мое мислење, за да бидеш најдобар во боречките вештини треба да умееш и двата. Затоа сакам да се докажам тука“.

„Аманда не може ништо да ми направи на еден боксерски меч. Сепак, ќе можам да ја победам во ММА за 2-3 години. Учам многу брзо. Напредувам секој ден и ќе ме видите против неа во кафезот“, додаде Клариса Шилдс.

Досега е непоразена во рингот, бидејќи е унифицирана шампионка во две различни категории. Успех што никој досега го постигнал.

Немаше конкуренција ниту во аматери, а на своето конто има два златни олимписки медали.