Шекил О’Нил ги смачка црните појаси во БЏЏ

199

Поранешната кошаркарска ѕвезда Шекил О’Нил веќе неколку години тренира џиу-џицу. Пензионираната легенда во НБА има релативно добри способности за борење.

Шек имаше и демонстративна средба со ветеранот на УФЦ, Форест Грифин.

Неодамна, гигантот ја посети и Академијата за бразилско џиу џицу, каде што смачка црни појаси кои тренираа таму. Снимката е од шоуто на ѕвездата на ТНТ, наречено Shaq Life. О’Нил се сретна со 4 практичари на БЏЏ, меѓу кои имаше и двајца со црни појаси.

Тој успешно ги собори повеќето од нив благодарение на бруталната сила и предноста во големината, а на крајот се соочи со воен ветеран, кој ги загубил нозете на бојното поле.