Сент Пјер: УФЦ не сакаат да им избегам и со титулата во лесна категорија

333

Легендарниот Жорж Сент Пјер е во врвна форма и е подготвен да се бори против Хабиб Нурмагомедов.

39-годишниот Канаѓанец е поранешен шампион во полусредна и во средна категорија. Тој се повлече на почетокот од минатата година, откако неговата организација не му даде да се бори против непоразениот Дагестанец. Сепак, сега повторно се зборува за битка меѓу нив и „Раш“ е подготвен за овој предизвик.

Сент Пјер е во серија од 13 последователни победи. Во последната борба Жорж се врати по 4-годишно отсуство и го победи Мајкл Биспинг за да ја освои титулата во средна категорија во 2017 година. За жал, Сент Пјер ја ослободи титулата неколку дена откако ја освои, бидејќи имаше здравствени проблеми. Верува дека УФЦ не сака тој да го стори истото и со титулата во лесна категорија.

„Волшебно е и јас не престанувам да тренирам. Во моментов има криза со КОВИД и не смееме да тренираме. Тренирам напорно и чувствувам дека сум во врвна форма. Сепак, борецот е секогаш последен што знае кога ќе заврши неговото време. Не знам. Ни требаат три страни за да имаме борба. Потребно ви е противник, друг противник и организација. Не знам дали организацијата ќе ја направи оваа битка.

Избегав од УФЦ со титулата во полусредна категорија, а потоа и со титулата во средна. Тие сигурно не сакаат истото да го направам и во лесна категорија. Веќе имам 39 години. Не мислам дека можам да се борам во лесна категорија без да влијаам на моите перформанси“, изјави Жорж за БТ спорт.

https://www.instagram.com/p/CEZ7Ebfpjk1/?utm_source=ig_embed