Сент Пјер не е сигурен дека ќе прифати понуда за борба со Хабиб

283

Поранешниот шампион на УФЦ во две различни категории Жорж Сент Пјер сè уште нема добиено никаква понуда за евентуална борба со Хабиб Нурмагомедов.

Непоразениот Дагестанец изрази желба да се сретне со Сент Пјер на почетокот од следната година. „Орелот“ сака да го исполни сонот на покојниот татко, кој сакаше да види борба меѓу нив. Дана Вајт даде зелено светло за ваква битка, но сè уште не стапил во контакт со легендарниот борец од Канада.

Чисанга Малата, новинар на „Дејли Стар“, рече дека имал разговор со Сент Пјер, кој рекол дека нема понуда и дека не е сигурен дека ќе прифати ако се појави. Нурмагомедов ја чека борбата со Џастин Гејџи на крајот на октомври во Абу Даби, каде ќе се обиде да го зголеми скорот на 29-0 во ММА. Сент Пјер не престанува да зборува за борбата со Хабиб, но потенцира дека нема да биде ефтина и понудата треба да биде тешка за одбивање.