Се влоши состојбата на татко му на Хабиб, со специјален лет е префрлен во Москва

149

Состојбата на татко му на Хабиб Нурмагомедов, Абдулманап, се влошила и сo специјален лет е пренесен во болница во Москва поради срцеви проблеми.

Оваа вест за РИА Дагестан ја откри еден семеен пријател, Убајдул Османов.

„Зборував со Абдулманап пред неколку дена. Тој ми рече дека е добро, но на 3 мај, еден од неговите најблиски роднини ми се јави и ми рече дека неговата состојба се влошува и дека бил пренесен во Москва со специјален лет. Претпоставувам дека ова се проблеми со срцето“, рече Османов.

Абдулманап заврши во болница пред две недели поради проблеми со белите дробови. Исто така, тој беше тестиран за коронавирус, но резултатите беа негативни и тој беше испратен дома.

Сепак, очигледно е дека има здравствени проблеми и сигурно ова влијае и на Хабиб.