Се огласи Миочиќ: Победуваме, но и губиме како семејство. Ве сакам

187

Американско-хрватскиот борец Стипе Миочиќ се јави по поразот од Френсис Нагану. Донеодамнешниот шампион во тешка категорија на УФЦ загуби во главната борба на УФЦ 260 со нокаут во втората рунда. Откако не го одбрани шампионскиот појас, Стипе зеде слободен ден за да си ги среди мислите и ги контактираше навивачите со порака на социјалните мрежи.

„Прво и најважно, добро сум. Знам дека падот не беше мојот најблескав пад, но бев во несвест, па такви такви работи се случуваат.

На моето семејство, пријатели и обожаватели, особено оние од Хрватска и Кливленд: Ве сакам и жал ми е. Мразам кога ќе ве изневерам. На мојот тим му благодарам. Знам дека го чувствува секој мој пораз исто како и јас. Победуваме, но и губиме како семејство. Поразите не се забавни, секогаш ве болат некое време, но тоа е грубата страна на оваа работа.

Не можете секогаш да победувате и важно е да разберете дека поразите се дел од животот и спортот, исто како и победите. Запомнете дека Бог секогаш ќе ве постави таму каде што треба да бидете во тој момент. Не можете ни премногу да си удирате главата размислувајќи што требаше подобро да направите, но можете да научите и да напредувате и да се вратите уште поподготвени врз основа на тоа.

За жал, отстапив од тактиката. Се чувствував одлично при влегувањето во втората рунда и видов дека работите почнуваат да одат според планот. Тој се повеќе замавнуваше, но влегов со премногу желба и незаштитен. Не бев во добра положба за да го применам ударот, а тој ја виде дупката и го направи она што секој голем борец би го направил во таа ситуација. Тоа беше моја грешка, грешка што ја прифаќам и нема да се повтори.

На крај, би сакал да им честитам на Френсис Нгану и на неговиот тим за заслужената победа. Тоа беше твоја ноќ и уживај во победата! Што се однесува до мене, ќе поминам извесно време со моето семејство и ќе му посакам добредојде на нашиот син кој доаѓа на овој свет ова лето. Бидете во тек, Бог да ве благослови“, напиша Стипе Миочиќ во својата порака.