Се договара конкретна дата за третиот меч Фјури-Вајалдер, можна опција е 19 декември

74

Светскиот шампион во бокс во тешка категорија (ВБЦ) Тајсон Фјури може да се соочи со Американецот Дионтеј Вајлдер по трет пат во декември годинава, изјави промоторот Бред Џејкобс. Првата средба меѓу нив во декември 2018 година заврши нерешено, а во втората во февруари 2020 година, Британецот победи со технички нокаут во седмата рунда.

„Разговараме за датумот 19 декември и се надеваме дека за ова време ситуацијата ќе се врати во нормала. Салата веројатно ќе биде исполнета со 50 проценти од капацитетот”, рече Џејкобс за Скај спорт.

„Во моментов бараме најдобро место одржување на борбата. Списокот на опции ќе се намали и ќе видиме до што ќе доведе тоа. Имаме многу понуди од целиот свет. Сепак, досега не постигнавме напредок во преговорите со ниту еден од нив“, додаде промоторот.

31-годишниот Фјури има 30 победи (21 со нокаут) и 1 нерешена средба во професионалната кариера. 34-годишниот Вајлдер има 42 победи и по еден пораз и реми.