Русите сакаат да го организраат реваншот меѓу Тајсон и Џонс во Москва

145

Мечот на поранешните светски шампиони во бокс Мајк Тајсон и Рој Џонс многумина го очекуваа со нетрпение.

Интересот за нивниот судир во Стејплс центарот во Лос Анџелес беше огромен и надвор од границите на САД.

Нивната борба ја следеше генералниот секретар на Руската боксерска федерација, Умар Кремлев, кој во објавата на Инстаграм покажа интерес за организирање на возвратна борба помеѓу Тајсон и Џонс во Москва.

„Уживав кога ја гледав борбата меѓу Мајк Тајсон и Рој Џонс. Овие легендарни боксери го популаризираат нашиот омилен спорт, им даваат пример на младите, а исто така докажуваат дека во боксот нема граници, дури и според возраста. И двајцата се бореа добро. Рој Џонс и Мајк Тајсон се добро подготвени за борбата, тие се во одлична форма. Браво! Мило ми е и за двајцата! Доколку се согласат на реванш, би било интересно да се одржи во Русија. Подготвени сме да организираме таква борба, на пример, на Боксерскиот ден во Москва“, напиша Умар Кремлев на својот Инстаграм.

Меѓународниот ден на боксот се слави на 22 јули.