Русија го загуби домаќинството на Светското првенство во кик бокс

163

Светската кик-бокс организација (ВАКО) објави дека Светското првенство во 2021 година нема да се одржи во Русија.

Нешто повеќе од еден месец откако беше познато дека Русија нема да биде домаќин на СП 2022 година, најголемата држава го загуби и вториот Мундијал за боречки вештини.

Причината за лишување од домаќинството е одлуката на Арбитражниот суд за спорт во Лозана од декември 2019 година, со која се забранува Русија да биде домаќин на светски шампионати во следните 4 години. Причината за оваа казна беше допинг скандалот што изби меѓу светските и руските антидопинг агенции.

Планетарниот натпревар требаше да се одржи во Москва од 5 до 14 ноември заедно со Мастерс шампионатот.

Новиот домаќин на Светското првенство и термините ќе бидат објавени во наредните недели.