Русија ја растури конкуренцијата на Светскиот куп во грчко-римски стил

204

Русија освои вкупно 7 титули во 10 категории во грчко-римски стил на Светскиот куп во борење што се одржува во Белград, Србија.

Доминацијата на Зборнаја почна на првиот ден од финалето.

Тогаш со злато славеа двократниот олимписки шампион Роман Власов (до 77 кг), Емин Сефершаев (до 55 кг) и Назир Абдулаев (до 67 кг).

Интересно беше што еден од најдобрите руски борачи – олимпискиот шампион Давид Чакветадѕе го загуби финалето во категоријата до 87 кг со технички туш – 0-10 на поени од белорускиот борач Кирил Маскевич.

На вториот ден на финалните борби златото им припадна на Џамболет Лукјаев (до 63 кг), Милад Алирзаев (до 82 кг), Муса Евлоев (до 97 кг) и Сергеј Семјонов (до 130 кг).

Степан Маранјан, кој е европски и светски шампион во категоријата до 63 килограми и актуелен носител на сребрен медал од последниот шампионат на планетата, го загуби во инфаркт борба (4-4) од младиот талент на Киргистан – Жоламан Шаршенбеков.

Следат резултатите од финалето со руско учество:
55 кг Емин Сефершаев (Русија) – Шериф Килич (Турција) 8-0 – злато
60 кг Жоламан Шаршенбеков (Киргистан) – Степан Маранјан (Русија) 4-4-ребро
63 кг Џамболат Лукјаев (Русија) – Ерик Торба (Унгарија) 4-1 – злато
67 кг Назир Абдулајев (Русија) – Исламбек Дадов (Азербејџан) 2-1 – злато
77 кг Роман Власов (Русија) – Золтан Левај (Унгарија) 6-1 – злато
82 кг Милад Алирзаев (Русија) – Салих Ајдин (Турција) 11-0 – злато
87 кг Кирил Маскевич (Белорусија) – Давит Чакветадѕе (Русија) 10-0 -сребро
97 кг Муса Евлоев (Русија) – Алех Герго Шоке (Унгарија) 3-0 – злато
130 кг Сергеј Семионов (Русија) – Осман Јалдирим (Турција) 7-1 – злато