Роки Марчијано го вклучуваат во видеоигра (ФОТО)

118

Љубителите на боксот ќе имаат можност да влезат во кожата на еден од најголемите меѓу јажињата – Роки Марчијано.

Легендарниот непоразен боксер во тешка категорија ќе биде вклучен во видео играта „еСпорт боксерски клуб“, која ќе биде дистрибуирана до разни конзоли. Блокбастерот Броктон е една од шесте легенди што навивачите ќе можат да ги контролираат на виртуелни боксерски натпревари.

Покрај тоа, на гејмерите ќе им бидат достапни Флојд Патерсон, Џек Џонсон, Џк Демпси, Џо Луис и Шугар Реј Робинсон.

Играта се очекува да се најде во продажба до крајот на годината.