Роберт Витакер извојува впечатлива победа над Гастелум

101

Роберт Витакер го совлада Кевин Гастелум во главниот меч на УФЦ Вегас 24. 30-годишниот Австралиец го доби мечот со едногласна одлука 50-45, 50-45, 50-45.

Поранешниот шампион во средна категорија повторно беше многу солиден и заслужи реванш со Израел Адесања, од кого го загуби појасот.

Витакер требаше да се бори со Пауло Коста, но Бразилецот се повлече од мечот поради влошена здравствена состојба.

„Ништо освен почит кон Адесања, но време е нашите патишта повторно да се сретнат. Можеме да наполниме стадион во Австралија“, изјави Витакер по победата над Гастелум.

Резултати – УФЦ Вегас 24:
Андреј Арловски го победи Чејс Шерман (29-28, 29-28, 29-28)
Џејкоб Малкун го победи Абдул Разак Алхасан (30-27, 30-27, 30-27)
Трејси Кортес го совлада Џастин Киш (29-28, 28-29, 30-27)
Александар Романов го победи Хуан Еспињо (29-28, 28-29, 29-28)
Џесика Пења ја победи Лупита Годинез (29-28, 28-29, 29-28)
Џералд Мершарт го победи Бартош Фабински со гилотина Р1
Остин Хабард ја победи Дакота Буш (29-28, 29-28, 29-28)
Тони Гравели го победи Ентони Барчак со ТКО Р2