Рој Џонс за евентуалниот реванш со Тајсон: Не можам да кажам не

146

Поранешниот владател во четири категории во професионалниот бокс Рој Џонс Јуниор изјави дека ќе биде тешко да се негира реваншот со Мајк Тајсон. Викендов се бореа осум рунда, а нивниот меч заврши нерешено.

„Не сум многу разумен кога станува збор за боксот. Ако ми се јават, ќе одговорам. Подобро прашајте некој од моите советници, затоа што не сум многу паметен. Не можам да кажам не. Добро е што боксот не е дрога, затоа што не можам да одбијам“, изјави Рој Џонс само ден по борбата со другата жива легенда на боксот Мајк Тајсон.

Џонс додаде дека ремито со Тајсон не му претставува проблем, а единственото нешто што може да го загрижи на евентуален реванш е тежината на „Железниот Мајк“.

„Добро сум со жрепката. Слушнав дека сака да се сретне повторно, но тој е прилично голем. Имаше околу 110 килограми, но се чувствуваше многу повеќе, верувајте ми“, додаде нокаут мајсторот од блиското минато.

Џонс додаде и комплименти на Мајк Тајсон, истакнувајќи ја неговата добра форма.

„Мајк може да се бори против секој ако остане таков. Осумте рунди ги избоксира без проблем. Луѓето ќе имаат проблеми во првите рунди со тоа. Првите две рунди се најтешки за минување“.

51-годишниот Џонс ја заврши скоро 30-годишната кариера во 2018 година. Неговиот борбен оган се чини дека повторно се разгоре, бидејќи претходно оваа недела навести дека ќе се соочи и со живата легенда на ММА Андерсон Силва, кој во моментот е слободен агент.