Рој Џонс покажа како се подготвува за Мајк Тајсон (ВИДЕО)

391

Рој Џонс Јуниор дава се од себе за да се подготви за борбата со Мајк Тајсон.

Овие две легенди ќе се судрат во рингот следниот месец во САД. Нивниот меч ќе биде во осум рунди, во кој нема да има судии, а победата може да се постигне само со нокаут. 51-годишниот Американец е во серија од 4 последователни победи и загуби само еднаш во последните 13 битки.

Тајсон се повлече од боксот во 2005 година, а Рој направи 23 борби во тие 15 години во кои Тајсон е надвор од боксот. Од тие 23 борби, Рој победи на 17 и загуби 6. Џонс е 66-9 во рингот, а 47 од победите се со нокаут. „Капетан Хук“ реши да ја крене завесата и да им покаже на фановите како да се подготвува за пресметката со Мајк.

Погледнете како тренира Џонс: