Рој Џонс е подготвен за реванш со Мајк Тајсон

120

Рој Џонс можеби не зборува отворено за реваншот против Мајк Тајсон, но тоа не значи дека неговиот тренер Том Јанкело ќе молчи.

Според него, многу е можен вториот судир меѓу двете боксерски суперsвезди по нивното реми во ноември. Другиот можен меч со учество на Тајсон е против ММА ѕвездата Андерсон Силва.

„Најверојатно двете борби за Мајк се реваншот против Рој и мечот со Андерсон Силва. Силва ќе биде првиот избор, бидејќи Тајсон смета дека ќе го одбие многу добро. Зборуваше за борба со него веќе подолго време, а сега кога Пајакот не е во УФЦ, тие можат да го договорат тоа. Ако се појави таква можност, тие ќе го сторат тоа“, рече Јанкело.