Рој Џонс ќе ги учи бокс децата во Русија

127

Легендата Рој Џонс Јуниор ќе биде партнер со Руската боксерска федерација за започнување на нова програма за развој на млади таленти.

Американецот има руски пасош од 2015 година и не ги крие симпатиите кон претседателот Владимир Путин, а пред една година во живо ја следеше парадата на Денот на победата во Москва. Сега Руската Федерација објави дека работи со Џонс, а легендата ќе биде консултант за креирање на програмата.

„Планираме да се консултираме со Рој на денот кога ќе пристигне. Сакаме да започнеме заедничка програма за млади. Неодамна направивме отворена тренинг сесија и Рој беше во публика, што беше многу важно за децата“, изјави генералниот секретар на федерацијата Кирил Шчекутиев за ТАСС.

На крајот на минатата година, Рој Џонс се врати во рингот по двегодишна пауза за да се соочи со иконата Мајк Тајсон во демонстративен меч. Борбата заврши нерешено, но со мечот започнаа нов бран на „пензионирани“ боксери кои сакаат да се вратат во рингот.