Ристовски директно во финалето на „Војводинска златна ракавица“

270

Македонскиот бокс репрезентативец Александар Ристовски по денешното жребување ќе боксира директно во финалето на 38. Меѓународен турнир „Војводинска златна ракавица“ во Суботица, Србија.

Тренерот Васко Цубалевски вели дека ова е шанса Ристовски да освои златен медал на овој силен турнир и дека во финалето на категоријата до 81 килограм го чекаaт победникот од мечот на српскиот и хравтаскиот претставник.