Рико Верховен: Трчањето е терапија

146

Долгогодишниот шампион на Глори во тешка категорија, Рико Верхвен, продолжува да ја подобрува формата и за време на карантинот.

31-годишниот Врховен ги повика своите фанови да бидат активни и да тренираат. Тој објави фотографија од тренингот на кој трча и напиша дека трчањето е како терапија за разбиструва на умот. Рико е во серија од 12 последователни победи и е без пораз веќе 5 години.

Тој е шампион 7 години и не им дава шанса на своите противници. Последен пат го видовме на рингот минатиот декември во Арнем. Таму шампионот ја одбрани титулата со победа над Бадр Хари, кој се повреди и не успеа да продолжи. Рико двапати падна во нокаут, но успеа да се опорави.

„Трчањето дефинитивно не е нешто што го сакам, затоа што сум 120 килограми. За мене, тоа е како терапија и ми го разбиструва умот. Пробајте го“, напиша Рико.

https://www.instagram.com/p/B_USQxhlfxi/?utm_source=ig_embed