Рико Верховен го освои трофејот на четиримината во тешка категорија

209

Рико Верховен ја продолжи серијата победи во Глори и ја зголеми активата на 20 победи. Дури две победи беа запишани на неговиот скор за една вечер, откако шампионот во кик бокс во тешка категорија учествуваше турнирот на четиримината на Глори 77.

31-годишната ѕвезда требаше да го брани појасот против Џамал Бен Садик, но вториот се повлече поради повреда. Организаторите успеаја брзо да организираат турнир со 4 борци. Регулативата беше две полуфиналиња во натпревари од 3 кола и финале во 3 рунди меѓу победниците.

Верховен го крена шампионскиот пехар по победа со едногласна одлука во првиот меч против Хесди Гергес и откажувањето на Тарик Хбабез во финалето кон крајот на првата рунда.

„Имам трофеј, одлично!“, извика Верховен додека го примаше пехарот и додаде: „Тие беа различни борци и затоа им приоѓав поинаку. Минуваме низ многу тешки периоди поради пандемијата и карантинот, но се надевам дека навивачите уживаа“.

Како се одеше турнирот:

Во првото полуфинале, Верховен (56-10-0, 17 КО) се соочи со Хесди Гергес (51-19-1, 24 КО). Неговиот противник беше полесен за 12 килограми, но тој беше повисок четири сантиметри.

Рико пристапи многу паметно на овој меч и максимално ги контролираше силите, со оглед на втората средба што го чекаше подоцна во вечерните часови. Холандската борбена машина го држеше противникот на дистанца и удираше во секој погоден момент со силни лоу кикови. Во еден од нив, на почетокот на втората рунда, тој го собори 36-годишниот Гергес.

Верховен се бореше крајно смирено и цело време ја контролираше ситуацијата, видливо го демнеше вистинскиот момент за да зададе клучен удар. Обидите на Хесди да го насочат телото на шампионот со низок удар секој пат резултираше со молњевита рекација и од лево и од десно. Гергес беше поактивен со нозете во втората рунда, но арсеналот на Рико беше повеќе комбинирачки.

Во третата рунда Верховен реши да не ризикува со судиската одлука и уште еднаш агресивно го турна противник во аголот. При еден недозволен удар, Рико се извини, а двајцата покажаа голем спортски дух и почит на мечот.

Тарик Хбабез направи импресивно деби во Глори. 26-годишниот борец од Мароко се пласира во финалето откако со поделена одлука го совлада Холанѓанецот Леви Рихтерс.

Двајцата борци понудија силна борба од првата до последната секунда. Рихтерс, кој победи на сличен турнир на 4-мина во своето Глори деби и влезе во мечот без пораз (11 последователни успеси), се потпре на опасните колена, додека неговиот 16 сантиметри понизок противник се потпираше на боксерските умешности.

Марокански танкер се обидуваше да го симне гардот на 25-годишниот Холанѓанец со силни удари во белите дробови. Леви одговори со комбинација на удари и десни крошеа, но не успеа да го разниша дебитантот, кој изненади со агресивен стил.

Во втората рунда, Леви зададе летечко колено, но беше фатен и соборен од левата рака на Тенкот. Следуваа серија аперкати од Мароканецот, кој го притисна противникот во аголот и почна да реализира силни удари од непосредна близина.

Доминацијата на Тарик продолжи и во третата рунда, кога очигледно стекна поголема самодоверба. Неколку минути пред крајот, холандскиот кикбоксер успеа да го стресе „Тенкот“ со силно десно кроше, но неговиот противник импресивно остана на нозе, а раката беше крената по последниот удар на гонгот.

Финале: Рико Верховен – Тарик Хбабес

За разлика од првиот меч, Рико Верховен не штедеше од првата секунда, но внимаваше на блиската дистанца, каде неговиот противник стана опасен. „Тенкот“ од Мароко не се грижеше за искуството на шампионот и се обиде да го притисне со неговите боксерски комбинации. Холандскиот шампион беше предупреден од судијата по недозволен удар во тилот.

Верхувен двапати го собори Хбабез со низок удар (лоу кик) на крајот од првата рунда. За време на паузата се покажа дека дебитантот има повреда и одби да ја продолжи борбата. Така, победата му беше доделена на шампионот во тешка категорија со технички нокаут.

„Беше добар меч, но тежок. Тоа беше тотално поразлично од она што го очекував. Многу се движеше околу рингот. Навистина дојде да се бори и тоа беше отворена битка. Беше добро. Тоа беше нешто поразлично за мене“, прокоментира Рико по средбата.

Последниот пораз на Верховен беше во 2012 година против Семи Шилт на Глори 4. Цели 9 години Холанѓанецот не знаеше за пораз.

Резултати – Глори 77:
Рико Верховен го победи Тарик Хбабез со ТКО во Р1
Алекс Переира со одлука го победи Артем Вахитов
Седрик Думбе го победи Муртел Гроенхарт со КО во Р2
Тарик Хбабез со одлука го победи Леви Ригтерс
Рико Верховен со одлука го победи Хесди Гергес
Тифани Ван Соест со одлука ја победи Алине Переира
Луис Таварес со одлука го победи Донеги Абена
Претходни:
Мартин Пакас го совлада Мухамед Бали со ТКО Р3