Рико Верховен: Да сум татко ми е најголемото достигнување

105

Рико Верховен е еден од најдобрите во историјата на кик-боксот и е на врвот многу години. Сепак, 31-годишниот шампион во тешка категорија на Глори не е заинтересиран за неговите достигнувања во рингот. Кралот на кикбоксот верува дека најголемото достигнување во неговиот живот се неговите деца.

Верховен има скор 58-10 во кикбоксот и победи многу од големите имиња во спортот. На почетокот на годината го освои турнирот на Глори во тешка категорија. Верхувен е во серија од 14 последователни победи и нема пораз веќе 6 години.

На својот профил на социјалните мрежи им даде вреден совет на своите обожаватели.

„Луѓето често ме прашуваат за најголемото достигнување во животот. Тоа е да се биде татко. Дали сум добар во ова? Немам претстава, но она што го знам е дека децата ме мотивираат и ме тераат да дадам се од себе. Ги сакам со цело срце и секој ден се обидувам да бидам подобра верзија за себе.

Материјалните работи што можете да им ги дадете на вашите деца се добра работа кога имате пари да ги купите. Највредното нешто што можете да им го дадете е времето. Кога ќе поминете некое време заедно, тогаш ќе им оставите спомени засекогаш“, напиша Рико.