Рики Хaтон го повикува Мајк Тајсон да се откаже од враќањето во рингот

89

Рики Хaтон го повика Мајк Тајсон да се откаже од враќањето во рингот, бидејќи не сакаше да го види повреден својот херој.

Тајсон (54), кој стана професионален боксер пред 35 години, направи историја со тоа што стана најмладиот шампион во тешка категорија на 20-годишна возраст.

Тајсон не се борел од 2005 година, кога во шестата рунда загуби од Ирецот Кевин Мек Брајд.

Сепак, сега опасниот боксер се подготвува да се врати во рингот за добротворни цели, објавувајќи привлечни видеа од неговите тренинзи.

Сепак, 41-годишниот ветеран Рики Хатон не сака повторно да го види својот идол во борба.

„За неговата возраст, тој изгледа фантастично – но  сепак е над 50 години и не сакам да го видам повреден еден моите херои.

Се надевам дека и јас ќе бидам во таа форма на негова возраст, но мислам дека треба да го заштитиме Тајсон од самиот себе.

Не треба да му дозволуваме да се бори, без оглед колку е феноменална неговата форма. Смири се, Мајк “.