Пулев му порача на Џоуша: Или бори се или предај ја титулата!

52

Кубрат Пулев не се повлекува од борбата со Ентони Џошуа и му порачува на светскиот првак „или бори се или предај ја титулата“. Бугарскиот боксер кој е задолжителен предизвикувач за Џошуа во битка за титулата во тешка категорија одговара на идејата да биде исплатен и да се повлече од борбата.

Ваков план имаа менаџерите и промотерите на Џошуа и на Тајсон Фјури. Тиа сакаат актуелните носители на појасите да боксуваат меѓу себе што е можно побрзо, а на патот да борбата со големи финансиски исплати да ги прескокнат Пулев и Деонтеј Вајлдер кој е обврзен противник на Фјури.

„Гледам дека некој се плаши од мене и си бара други противници. Тоа не е начин на однесување на вистински шампион“, вели Пулев.

Бугаринот требаше да се соочи со Џошуа во 2017 година, но се повлече поради повреда на рамото. Џошуа ги поседува ИБФ, ВБА и ВБО појасите во тешка категорија и сака да ги обедини сите трофеи предизвикувајќи го Фјури кој го има ВБЦ појасот.