Први објави од тренинг на Вајлдер по поразот од Фјури (ВИДЕО)

151

Приврзаниците на поранешниот шампион на ВБЦ во тешка категорија, Дионтеј Вајлдер конечно можат да се здивнат.

Американецот пропадна во земја по поразот од Тајсон Фјури минатиот февруари. Единственото нешто што се поврзуваше со името на „Бронзениот бомбардер“ во последните 15 месеци беа неговите несоодветни изговори за поразот и можниот трет меч со Фјури, кој не успеа. Барем засега.

Сепак, се чини дека поранешниот број еден е подготвен да се врати, иако сè уште нема официјални информации за следниот меч.

На Интернет се појави видео од тренинг на Вајлдер, во кое Американецот работи со еден од поранешните ривали Малик Скот.

Од видеото може со сигурност може да се заклучи дека десната рака на Дионтеј сепак има застрашувачка моќ, но големо прашање е до кој степен ја подобрил борбата од задното стапало и неговата подвижност воопшто.