Прогласени најдобрите спортисти за 2020 година-фудбалот и каратето доминантни

281

Агенцијата за млади и спорт (АМС) ги прогласи најдобрите за изминатата 2020 година и на церемонија организирана според сите протоколи во СЦ „Борис Трајковски“ ги подели признанијата на најдобрите спортистите и спортските работници.

Очекувано, меѓу најдобрите доминираа од фудбалот, затоа што Македонија за првпат ќе игра на Европското првенство (ЕП) во фудбал.

За жал, највредниот резултат во 2020 година, односно сребрениот медал на Дејан Георгиевски на Европското сениорско првенство во таеквондо, не е награден. Осевн тоа, Георгиевски се бори и за олимписка норма.

  • Најдобрите за 2020 година според АМС:

СПОРТИСТ НА ГОДИНАТА: Горан Пандев (фудбал)
СПОРТИСТКА НА ГОДИНАТА: Вероника Костовска (карате)
НАЈУСПЕШНА ФЕДЕРАЦИЈА: Фудбалската федерација на Македонија
НАЈУСПЕШЕН ТРЕНЕР: Игор Ангеловски (фудбал)
НАЈУСПЕШЕН НАЦИОНАЛЕН ТИМ: Сениорска репрезентација фудбал

НАЈУСПЕШЕН СПОРТИСТ СО ИНВАЛИДИТЕТ: Владимир Тркаљанов (шах)
МЛАД СПОРТИСТ НА ГОДИНАТА: Роберто Ацковски (карате)
МЛАДА СПОРТИСТКА НА ГОДИНАТА: Магдалдена Божиновска (карате)