Продавач нокаутира насилен муштерија (ВИДЕО)

353

Во последните неколку дена едно видео стана хит на социјалните мрежи. Вработен во продавница се расправа со дрзок клиент и работите водат до физичка пресметка. На видеото клиентот се лути на продавачот во продавницата и почнува да вреска.

За жал, нема звук и не можеме да разбереме за што зборуваат. Продавачот одлучува да го скрати растојанието со клиентот, кој, пак, го турка, а со тоа прави голема грешка.

Безобразниот клиент го остава пијалокот и е подготвен за тепачка, но продавачот не се мисли многу и со десно кроше го патосира насилниот муштерија.