Признание за Дејан Митровски – Урко од ИАММА „Октагон“ (ФОТО)

710

Меѓународна академија за мешани боречки вештини Oктагон му врачи признание на Македониа Дејан Митровски – Урко, селектор на кик бокс репрезентацијата и претседател Кибокс маитаи федерцаијата на Македониjа, „Меѓународен тренер по мешани борешки вештини од највисој ранг црн појас 7-Дан.

Признанието му го додели претставникот за Македoнија мастер клас д-р Славе Пашовски носител на мајсторски појас во карате 8-Дан.

Што значи соработоката на сенсеи Пашоски, како осведочен карате мајстор и поклоник на кикбоксот, со нашиот врвен кик бокс тренер и познавач на боречките вештини Дејан Митровски, селекторот на репрезентацијата вели:

„Во фаза на подготовки сме. Да вметнеме нов мешовит стил кај младината на самоодбрана и одбивање на улични напаѓачи применувајќи одмерени мешовити техники од боречките вештини за брза и завршна елиминација на напаѓачите. Со оваа техника ќе се подобри самодовербата, хуманоста во заштита на послабите и правење на реалната проценка на ризик од опасност по себе“.

Митровски додава:

„Мастер клас д-р Славе Пашоски е човек кој многу години поминал во борецките спортови и има огромни контакти со голем број мајстори на боречки вештини ширум целиот свет. Има многу богато искуство кое би сакал да ни го пренесе на нас во кикбоксот и маитаи  спортовите, за да ни помогне во подобра организација во федерацијата и остварувањето на уште подобри резултати на меѓународен план“.

Ipon.mk