Пријател на Тајсон тврди: Железниот Мајк и Холифилд го договорија третиот меч

150

Кон крајот на минатата година 54-годишниот Мајк Тајсон се врати во рингот и боксираше против Рој Џонс. По егзибицискиот меч, неколку кандидати се пријавија за дуел против легендарниот удирач. Изгледа дека Железниот Мајк го доби следниот противник. Имено, големиот пријател на Мајк, Заб Јуда, тврди дека е договорен меч меѓу Тајсон и 58-годишниот Холифилд.

„Борбата е договорена. Мајк Тајсон по трет пат против Ивандер Холифилд, неверојатно“. – рече Заб Јуда и додаде:

„Ме интересира сè во врска со таа борба. Гледајте ги првите два меча и ќе знаете зошто треба да го гледате третиот. Сè е потпишано, двајцата тренираат секој ден и нема да има игри. Ќе биде вистинска борба.

Тоа ќе биде трет судир во нивната кариера. Борбата треба да се одржи за неколку месеци во Дубаи. Заработката од таа средба може да достигне 300 милиони долари!

Пресметките меѓу Мајк Тајсон и Ивандер Холифилд ја одбележаа средината на 90-тите години на минатиот век.

Ивандер беше подобар на двата меча, за прв пат победи во 1996 година со технички нокаут, а една година подоцна во возвратниот меч Ајрон Мајк беше дисквалификуван по одгризнувањето на увото.