Пред 10 години Жарко Арсовски го освои единствениот медал на СП-а за Македонија

117

Една деценија од единствениот медал за Македонија на Светските сениорски првенства кој го освои Жарко Арсовски. На Светското првенство 2010 гдоина во Белград, Србија, Арсовски го освои брозениот медал.

Точно пред 10 години репрезентативецот Арсовски, тогашен член КК Макпетрол, го постигна најголемиот успех во историјата на македонското карате на светските првенства на независна Македонија.

На 20-тото Светско првенство, кога се одбележуваа 40 години од првото Светско првенство во 1970 во Токио, Јапонија, меѓу 875 каратисти од 88 земји, од кои и 22 од Македонија, Жарко Арсовски во извонредно силна конкуренција во н категоријата над 84 килограми оствари пет убедливи победи и само еден пораз во полуфиналето, и тоа на изјаснување, откако против египетскиот натпреварувач Моханад Магди резултатот беше 1-1.

Во борбата за бронзениот медал Арсовски ја потврди фантастичната форма и во доминантен стил го совлада Русинот Хамид Тебуев со 4-0.