Прават видео-игра со џудистите на Олимписките игри во Токио

138

Студиото за видео-игри СЕГА наскоро ќе лансира електронски спортски симулатор.

Ќе биде инспириран од Олимписките игри во Токио, кои се одложени за 2021 година. Насловот веќе е достапен во Јапонија, а наскоро ќе биде и на масовниот пазар.

Една од најинтересните опции ќе биде дисциплината џудо.

Боречките вештини ретко добиваат шанса од креаторите на спортските симулатори. Сега навивачите ќе имаат можност да играат со своите омилени борци на татами.