Познат новинар прогнозира одлив на ѕвезди од УФЦ

282

Ариел Хелвани е еден од најдобрите ММА новинари во САД, но Дана Вајт не може да поденесе. Претседателот на УФЦ често го навредува Хелвани кој го обвинува дека поради него го напуштил ЕСПН. Во последно време многу борци на УФЦ не се задоволни од договорите.

Последен пример е Френсис Нгану кој следната недела ќе ја направи последната борба од договорот со УФЦ. „Предаторот“ не е подготвен повторно да потпише и бара од УФЦ да му дозволи да прави боксерски мечеви.

Хелвани во своето шоу на социјалните мрежи предвидува одлив на големи ѕвезди од организацијата Вајт.

„Друга интересна приказна за 2022 година е договорот на Израел Адесања. Ситуацијата се уште не е иста како таа со Нејт Дијаз. Адесања има уште неколку борби, но ќе биде интересно да се види како ќе се одвиваат работите.

Во 2022 година, може да се соочиме со потенцијално сценарио во кое истекува договорот на Адесања. И на Дијаз му истекува договорот, на Конор Мек Грегор истекува договорот, како и на Френсис Нгану.

Размислете за тоа за секунда. Овие големи имиња може да го напуштат УФЦ во 2022 година. Ни претстојат интересни времиња“, прогнозира Хелвани.