Поветкин продолжува со подготовките за реваншот со Вајт: Се чувтсвувам добро

287

Александар Поветкин беше меѓу оние спортисти кои имаа сериозни проблеми со коронавирусот.

Рускиот боксер заврши во болница откако се здоби со Ковид-19, па дури и потоа ги почувствува ефектите на инфекцијата.

Сега Поветкин се чувствува добро и продолжува да се подготвува за реваншот против Дилиен Вајт.

Нивниот дуел, закажан за 30 јануари, беше откажан, исто како и тој што беше планиран за ноември.

„Верувам дека би можел да се вратам пред март“, рече Александар Поветкин и додаде:

„Се чини дека сè е во ред. Трчам секое утро и неодамна продолжив да вежбам во теретана, а работам и со фокусери“.

Промоторот на Поветкин, Андреј Рјабински, неодамна изјави дека симптомите на Александар се вратиле и пак завршил во болница. Ова го наруши планот за подготовки.

„На крајот, немаше компликации и сè се покажа добро. Температурата ми падна веднаш штом ја примив инфузијата. Дефинитивно се почувствував уморен, но подоцна сè беше во ред. Се чувствувам добро“, рече Александар Поветкин.