Поветкин и Вајт го поминаа мерењето, ја очекуваат утрешната борба (ВИДЕО)

172

Дилиен Вајт и Александар Поветкин успешно го минаа мерењто пред вториот меч меѓу нив утре вечер.

На првата средба во август минатата година Русинот го изненади „Крадецот на трупови“ и го нокаутира во петата рунда за привремената титула во тешка категорија на ВБЦ. На мерењето, сегашниот сопстевник на појасот се покажа дека е потежок скоро 2 кг од првиот меч, и сега е 103,5 кг. Вајт е 2,35 кг полесен од минатото лето – 112,2 кг.

„Сè е во ред, како и секогаш, добро сум расположен. Сега покажавме почит еден кон друг, но во рингот ќе биде поинаку, почитта останува надвор од неа. Мојата цел е да бидам фокусиран на натпреварот и да покажам добар бокс. Ќе има убав и интересен бокс, тоа е моето предвидување за борбата“, рече Поветкин.

„Овој меч ми значи сè, ќе бидам многу мотивиран. Очекувам тежок меч, но овој пат ќе бидам малку подобар од секој аспект. Можеби покажав премногу почит на првата средба. Секој пат кога ќе влезам во рингот, сакам да бидам најдобрата верзија од себе, сега не е ништо поразлично. Ќе видиме што ќе се случи. Подготвен сум и едвај го чекам мечот. Планот е да го победиме со нокаут, ќе мора многу да се движам, да боксирам од дистанца, но мислам дека ќе успеам“, прокоментира Вајт.