Поветкин и Вајт ќе се бора без публика

258

Борбата помеѓу Русинот Александар Поветкин и Британецот Дилеен Вајт ќе се одржи без гледачи заради пандемијата на коронавирус. Ова го објави промоторот Еди Херн за Скај спортс.

Борбата за титулата во тешка категорија на ВБЦ требаше да се одржи на 2 мај, но беше одложена за 4 јули поради пандемијата. Средбата ќе се одржи во спортско-концертниот комплекс „Манчестер арена“.

40-годишниот Поветкин има 35 победи (24 со нокаут), 2 порази и 1 нерешена. 32-годишниот Вајт победи во 27 од 28 борби во професионалната кариера (18 со нокаут) и претрпе еден пораз.