Пориер: Никој не ме удрил посилно од Конор

261

Поранешниот предизвикувач во лесна категорија на УФЦ, Дастин Пориер, можеби не е најголемиот поддржувач на Конор Мек Грегор, но тоа не значи дека Дијамантот не ги почитува достигнувањата на Ирецот.

Американецот го победи Конор Мек Грегор двапати во 2021 година, поведувајќи со 2-1 во трилогијата меѓу нив. Токму од гледна точка на човекот со најголемо искуство против „Сезнајкото“, Пориер призна дека Конор е борецот со најтешките удари.

„Кој од моите противници има најтешки удари? Без сомнение, Конор Мек Грегор“, рече Пориер во неодамнешното интервју.

„Конор е посебна индивидуа. Се боревме во 2014 година. Потоа ме победи, а неговата граница беше небото. Немаше кој да го спречи. Тој помина низ сите и заслужено стана шампион во две категории.

„Но, оваа година успеав да го победам двапати, иако тој се уште е истиот опасен борец како тогаш“, рече Дастин, кој ќе се бори против Чарлс Оливеира на крајот на годината.