Поранешен ММА борец убиен откако ја застрелал девојката

173

Тајлер Ист, поранешен ММА-борец, е застрелан во Лос Лунас, Ново Мексико, соопшти локалната полиција.

Властите соопштија дека пукањето се случило во близина на автопатот кон аеродромот.

Полициски тим добил пријава за семејно насилство. Кога пристигнале, полицијата пронашла жена со прострелна рана и мртов маж, кој подоцна бил идентификуван како Ист.

Полицијата соопшти дека Ист и неговата девојка се скарале а тој ја застрелал и ја извлекол од куќата.

Кога бил надвор, Ист е застрелан од човек кој исто така бил во куќата и бил присутен на скандалот.

Сепак, овој човек го напуштил местото пред да се појави полицијата.

Жената е пренесена во болница и во моментов се наоѓа во стабилна состојба.